МИОА ќе издава дозволи за работа по 21 часот

23.03.2020 15:23

МИОА обезбедува дневни дозволи за работа после 21 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари/бурегџилици

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здраствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, е-mail и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови  доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: [email protected]

Податоците потребно е да ги достават секој ден-недела најдоцна до 12.00 часот, за наредната работна седмица. 
Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: [email protected] .