МНР организираше враќање на 63 македонски граѓани од Црна Гора
Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја, велат од МНР...
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово (вторник, 24 март 2020 г.) организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Истовремено, со автобусот на пат кон Црна Гора, овозможивме 15 црногорски граѓани да се вратат во нивната земја, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон црногорските и косовските власти за соработката, непречениот транзит и солидарноста.
