12 новозаболени со Ковид-19, досега вкупно 148
24.03.2020 12:59
Седум од нив се од Скопје, а пет од Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица...

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, соопшти Министерството за здравство. Седум од нив се од Скопје, а пет од Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (88), Дебар (40)- од кои еден починат, Куманово (8)- од кои еден починат, Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1).
