Вархеји: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија

24.03.2020 15:12

„Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер профил.

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

„Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер профил.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео- конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.