Ќе се тестираат сите лица поврзани со директорката на Кожната клиника
Министерот за здравство Филипче соопшти дека од денеска на Иститутот за јавно здравје по план ќе се спроведе тестирање на сите лица поврзани со директорката на Клиниката за кожни болести. Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат во неколку циклуси...
Дванаесет нови случаи на Ковид-19 во земјава во последниве 24 часа. Од нив седум се од Скопје, пет од Куманово. Вкупниот број на заболени од коронавирус во земјава изнесува 148, а двајца се починати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференнција.
Според местото на живеење, од вкупниот број заболени 88 се во Скопје, 40 во Дебар, осум во Куманово, седум- Штип, Кавадарци и Охрид по две и Гостивар едно лице.
На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 29 лица, од кои во тешка состојба на респираторна машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена. Шест пациенти се со потешка слика, но респираторно се самостојни. Амбулантски, како што рече министерот Филипче, прегледани се седум пациенти и земен е еден брис. Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.
Филпче соопшти дека од денеска на Иститутот за јавно здравје по план ќе се спроведе тестирање на сите лица поврзани со директорката на Клиниката за кожни болести. Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат во неколку циклуси.
Тој информира дека во Куманово е направена интензивна комуникација во врска со починатата жена при што рече дека досега во семејството нема клиничка симптоматологија.
