Нови 29 случаи на Ковид-19, вкупно 177
25.03.2020 12:36
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти...

Во изминатите 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив 20 во Скопје, по тројца заболени во Куманово и во Велес, два случаи во Прилеп и еден во Дебар.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 108, Дебар- 41 од кои еден починат, Куманово- 11 од кои еден починат, Штип- 7, Велес- 3, Кавадарци- 2, Охрид- 2, Прилеп- 2, Гостивар- 1.
