Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром
25.03.2020 14:24
Ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид – 19...

Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари „Аеродром“.
Ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.
Исто така, Општина Аеродром редовно врши дезинфекција со што се опфатени сите детски и спортски игралишта, контејнерите, кантите за отпадоци, како и целокупната урбана опрема, соопштуваат од Општината.
