„Демократски“ избори во Северна кореја

09.03.2014 14:10

Во Северна кореја се одржуваат првите парламентарни избори откако е на власт Ким Џонг Ун.

Севернокорејскиот лидер се кандидира за пратеничко место од 111-от избирачки реон во Пјонгјанг каде што мнозинството гласачи се војници. На гласачките ливчиња се наоѓа само една политичка сила, работничката партија. Во некои регони поради изборите се зајакнати безбедносните мерки. Синоќа се случиле неколку инциденти во кои биле уништени плакатите со кои се повикува да се гласа за лидерот Ким Џонг Ун, по што единиците од граничната војска биле повлечени и распоредени во реонот на избирачките места..