11-ти состанок на главниот координативен кризен штаб
26.03.2020 11:23
На состанокот се реферираше во врска со последните заклучоци и препораки на Комисијата за заразни болести, како и за информациите од ресорните министерства...

Во тек е единаесетиот состанок на главниот координативен кризен штаб, предводен од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на кој учествуваат и претставници на кризниот штаб за Дебар и Центар Жупа, Дирекцијата за заштита и спасување, како и ресорните министри.
На состанокот се реферираше во врска со последните заклучоци и препораки на Комисијата за заразни болести, како и за информациите од ресорните министерства, а во врска со справување и спречување на ширење на коронавирус.
