Охрид - ќе се воведува ред во Внатрешна пловидба
Покрај регистрацијата на пловните објекти на македонските езера, Охридската капетанија и министерството за транспорт и врски со новиот правилник за пловидба ќе придонесат и за поголема безбедност на патниците.
Во иднина нема да можете да возите глисер или пловен објект со моќност од над 30 киловати доколку немате радио-врска со капетанијата.тоа ќе важи и за такси превозниците кои ќе сакаат да пловат на подолги релации.
„Сите оние што се во некои рамки блиску до уписот на чамецот немаат обврска да носат радио-станица, но доколку имаат желба и потреба да пловат на поголеми дистанци од местото на упис,тиеморадабидатповрзанисонас и ние да знаеме каде се.Повторно велам дека се е заради нивна и безбедноста напатниците. Исто така венецот за спасување станува обврзен елемент за такси превозот“.
Некои од такси -превозниците негодуваат поради новините,но оние совесните веќе одамна ги имаат преземено сите мерки за безбедноста на патниците.
„Треба да имаш свирче или свирка,треба да имаш батерија,треба да имаш сидро или канџа со соодветна должина на јажето,треба да имаш кутија за брза помош,треба да имаш 5 појаси, бидејќи чамците се обично регистрирани за 5+1 и чамец што нема два мотори мора да има весла“ - Ацо Матоски-Струга
Новиот правилник за пловидба најмногу ќе ги третира пловните објекти кои ќе се градат во иднина.Притоа ќе треба да се следат стандардите и нормативите кои важат во ЕвропскатаУнија приградба,но и при издавањето на сертификатите за употреба,бидеќи само на тој начин ќе се плови безбедно на македонските езера.
Новинар - Сашо Нелоски
Снимател- Тони Нически
