Почесна артилериска стрелба по повод приемот во НАТО

27.03.2020 14:20

По повод приемот во НАТО Алијансата ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата...

Денеска со почеток во 18.00 часот, по повод депонирање на  пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Стејт Департментот со што Република Северна Македонија официјално станува полноправна членка на НАТО, од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши артилериска стрелба со истрелување на шест плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата, соопштуваат од Генералштабот на Армијата.

Чинот на нашето формално зачленување во НАТО Алијансата ќе се случи денес во 11:30 часот, според американско време, во главниот град на САД.