Обама гарантира безбедност и подршка на демократијата
09.03.2014 15:15
Американските вооружени сили се подготвени...

Американските вооружени сили се подготвени да ги поддржат своите сојузници во Европа, вклучувајќи ја и Украина доколку ескалира кризата во земјата, изјави началникот на американскта здружена команда Генерал Мартин Демпси, додавајќи дека американската дипломатија работи деноноќно за да не дозволи ситуацијата во Крим да излезе надвор од контрола. Претседателот Обама, пак, телефонски разговарал за кризата во Украина со лидерите на Британија, Франција, Италија, како и со лидерите на Летонија, Латвија и Естонија. На трите балтички републики кои се чувствувале загрозени по руското распоредување на Крим им дал гаранција за безбедност и трајна поддршка на демократијата.
