22 нови случаи на Ковид-19, вкупно 241

28.03.2020 14:26

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице, соопштуваат од Министерството за здравство.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат, Штип - 8, Прилеп - 8, Тетово- 4, Охрид- 3, Велес - 3, Струга – 3 од кои 1 починат, Кавадарци - 2, Гостивар - 1, Битола – 1.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.