Две лица починале од Ковид-19, 16 нови случаи, вкупно заболени 257 лица

29.03.2020 13:06

Како што соопшти на денешната прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче, 91- годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а кај 31-годишниот пациент дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил со тешка клиничка слика и од вчера бил поставен на респираторна машина...

Два нови смртни случаи од Ковид-19 во земјава. На Инфективната клиника како последица од коронавирусот починале 91-годишен и 31- годишен пациент.

Како што соопшти на денешната прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче, 91- годишниот пациент бил хоспитализиран пред осум дена, а кај 31-годишниот пациент дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил со тешка клиничка слика и од вчера бил поставен на респираторна машина.

Изминатите 24 часа има нови 16 дијагностицирани случаи на Ковид-19 во земјава, со што вкупната бројка се искачи на 257 лица. Досега вкупно починале шест лица.

На Инфективната клиника има вкупно 49 хоспитализирани, од кои седуммина се во потешка состојба, имаат пневмонија, а другите се во стабилна состојба.