Потпишан договор за воена обука
Македонија и Црна Гора најавуваат заедничко учество во пост исаф мисијата во Авганистан и по 2014-тата..
Македонија и Црна Гора заеднички ќе соработуваат во областа на евроатлантското интегрирање.На тој начин се придонесува и за регионалната стабилност,заклучија министрите за одбрана Талат Џафери и Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ.Македонија има драгоцено искуство во подготовката на одбранбените стратегиски документи и ние тоа ќе го искористиме,рече црногорската министерка за одбрана.Се размислува за заедничко учество и во пост ИСАф мисијата во Авганистан по 2014-тата година.
,,Во оваа фаза во која се осмислува оперативниот план за мисијата,во прв план го ставаме тоа регионално присуство,се разбира ставајќи се во контекст на мисијата,, изјави Милица-Пејановиќ-Ѓуришиќ, Министерка за одбрана на Црна Гора.
Двете министерства засега немаат конкретни проекции за бројот на војниците со кои би учествувале во Авганистан.
,,Бројчано не е од првично значење колкав број ќе биде од која страна.Битно е ако има услови,а има услови,да се создадат заеднички формации кои што би можеле да придонесуваат во напорите кои што ги даваме како држави во тие мисии,, изјави Талат Џафери, македонски министер за одбрана.
Дека Македонија и Црна Гора немаат отворени билатерални прашања потврдено и на средбата на Џафери со црногорскиот државен врв.Министрите за одбрана овде во Подгорица го парафираа и протоколот за соработка во воената обука за идната година.Од 2009-тата на Воената Академија во Скопје студираат црногорски питомци.Моментално се 15-мина.
,,Воената соработка меѓу Македонија и Црна Гора почна во 2007-та,најинтензивна во военото образование.Во центарот за обука во Подгорица се обучуваат 3-ца македонски пилоти,а на воената академија во Скопје веќе четврта година студираат црногорски питомци.МТВ во Подгорица,Милчо Велески,,.
Милчо Велески
