Поделени мислења
Само што се приклучи на коментаторскиот тим на Канал+, поранешниот Ф1 возач Жан Алеси упати негативни критики за новата ера во Формула 1.

Алеси не е фан на „зелената“ Ф1 бидејќи според него со вклучување на новата технологија спортот повеќе не е предизвик за возачите туку за механичарските тимови. „Возачот сега не може да му верува на својот инстинкт и да нападне на патеката, тој сега повеќе размислува за потрошувачката на гориво, на пневматиците и на многу други системи и е само мал дел од големата машинерија во Ф1“-вели Алеси.
Од другастрана претседателот на ФИА Жан Тод е сигурен дека промените биле неопходни, дека Ф1 мора да се развива и да биде поддршка за автоиндустријата каде што трендот е во хибридните агрегати и помалата потрошувачка, а потврда за тоа е и враќањето на Хонда во спортот кој според него станува поефтин.
Спротивен е ставот на шефот на МекЛарен Рон Денис кој вели дека ФИА го вовела најскапиот мотор во историјата на Ф1 и дека сега важи правилото дека ако немаш доволно пари тогаш воопшто и не учествувај во спортот.„ Истите луѓе кои не доведоа до ваквата ситуација сега зборуваат за намалување на трошоците, тоа е апсурдно“ вели Денис.
