Избега Затвореник
09.03.2014 15:42
Затвореникот Исо Сулејмановски кој издржувал казна за разбојништво побегнал вчера попладнето од затворот во атарот на кумановското село К`шање.

Планот за бегство не му успеал на затвореникот Субихан Назифов кој одлежува двегодишна затворска казна за кражба. Бегството Сулејмановски го извел кога биле спроведувани осудениците на вечера.Полицијата организира потера по него. Затворот во К`шање беше отворен пред една година и важи за затвор кој има најдобри безбедносни системи во земјава.
