Нема договор на кој начин црквите ќе добиваат афтокефалност
09.03.2014 17:26
Поглаварите на православните цркви по три дена состанок во Фанар останаа без решение за како и на кој начин останатите цркви да добијат афтокефалност.

Одлучено е комисија од поглаварите да се состане на почетокот од следната година и да разговара по ова прашање. Решенијата кои комисијата за прогласување на автокефална православна црква и начинот на нејзиното прогласување " би ги предложила на вселенскиот собор кој е предвидено да се одржи во 2016-та. Дали афтокефалност ќе се добива со консензус или пак ќе го дава мајката црква од која произлегала друга. Мпц- охридска архиепископија е директно засеганата по ова прашање.
