Стабилна безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 30.03. до 07.00 часот на 31.03.2020 година, едно лице од Дебар не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамки на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди, соопштуваат од МВР.
Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 30.03. до 07.00 часот на 31.03.2020 година, едно лице од Дебар не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Дебар се извршени 29 контроли на евидентираните лица со решение за изолација, а истовремено се евидентирани 15 нови лица во самоизолација и спроведени се 95 контроли врз лицата во самоизолација.
Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација.
Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти, велат од МВР.
Влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
