МВР: 46 лица не го почитувале полицискиот час, 17 уапсени

01.04.2020 11:46

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници, соопштува МВР.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.