Дезинфекција на катните гаражи, социјалните згради и подружниците на АДСДП

01.04.2020 16:13

Продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради (вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата...

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје изврши нова, втора по ред дезинфекција на  4 катни гаражи со кои што стопанисува („Кресненско Востание“, „Разловечко Востание’’,„Солунски Конгрес’’и „Смилевски Конгрес“).

Дезинфицирани беа заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење). Ваква акција ќе биде реализирана и  во следните три недели (еднаш неделно), а во случај на потреба  истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.

Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради (вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата.

По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините, стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите.

Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 Подружници на АДСДП. Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување  на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19.