Регистрирани нови 25 случаи, почина пациентка од Лабуништа
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1...

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 183, Куманово – 54, Дебар – 47, Штип – 15, Прилеп – 12, Тетово -13, Струга – 9, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Гевгелија – 2, Струмица- 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19, соопштуваат од ресорот здравство.
Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години. Пациентката имала претходни заболувања хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност, соопштуваат од Министерството за здравство.
Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.
