Вархеји- Османи: ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

01.04.2020 16:46

Османи и Вархеји разговараа за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид- 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ, соопшти СЕП...

Како земја - преговарач, Република Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите - членки на ЕУ ќе бидат соодветно распределени средствата за солидарно справување со предизвиците од Ковид- 19, соопштил еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји на денешниот видео- конференциски состанок со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

„Пренесувам искрена благодарност во името на целата Влада и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, за историскиот успех на земјата конечно да добие одлука за почеток на преговорите“, истакна Османи, упатувајќи и лична благодарност до еврокомесарот Вархеји за личниот придонес за успехот на одлуката на Европската Унија.

Османи и Вархеји разговараа за активностите на Владата и на Координативниот штаб во справувањето со предизвиците од епидемијата Ковид- 19, како и можностите за подлабока соработка во оваа насока со институциите на ЕУ, соопшти СЕП.

„Итната помош од четири милиони евра, но и ослободувањето на преку 60 милиони евра од ИПА средствата за справување со социо - економските предизвици претставуваа значајна помош од стана на Европската Унија, а особено радува фактот што земјата станува дел и од заедничкиот европски механизам за заштита од КОВИД 19, преку учество и во заедничката набавка на Европската Унија за медицински средства за оваа намена“, истакна Османи.