МВР: 72 лица не го почитувале полицискиот час, 41 приведен

02.04.2020 11:26

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале изјава за самоизолација...

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале  изјава  за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во  својот дом.