МВР: 43 лица не го почитувале полицискиот час, 27 приведени

03.04.2020 09:54

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација...

Во текот на изминатите 24 часа на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале  изјава  за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата  во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во  својот дом.