Слалом лудило во Крањска Гора!
Трето највисоко подиумско место за Феликс Нојројтер (1:45.50) сезонава во светскиот скијачки куп, во најтехничката дисциплина, слоломот.

Германецот досега со 7-те сезонски триумфа, како доследен наследник, го надмина својот татко за една остварена победа. За еден-два германски слалом подиум во Крањска Гора, заслужен Фриц Допфер (1:46.09) кој од 4-тата позиција по првата трка ја заврши втората за свој прв подиум сезонава, а само втор во својата кариера по 2011-та. Супер норвешкиот тинејџер Кристоферсен во два дена повторно на пиедестал (1:46.29), викендов во Крањска Гора му донесе две трети места.
Ова денешново го носи уште поблиску во борбата за слалом глобусот на кој името ќе се бруси во Лензереајден на завршицата на ски сезоната 2013/2014. Нојројтер во моментов е слалом лидер со 470 бода, само 5 плус од Хиршер кој пак денеска потфли со конечното 5-то место. Профитот рековме Кристофер го носи на 40 бода помалку од водечкиот.
Марио Мат во голема мера и заврши работа на оваа тројка во жетвата на бодови, одкако по фантастичната прва трка и првото место, во втората несвојствено за австрискиот ветеран, беше со преголема доза на внимане. Тоа го чинеше дури и грешка во самиот финиш, а со тоа и без пласман и бодиви.
Она што е најважно од предпоследниов слалом сезонава е преземањето на генералниот врв на денешниот победник германецот Нојројтер. Психички уништениот Свиндал, на самиот крај моментално го губи првото место во севкупниот пласман, за 4 бода. Можеби оваа ситуација ќе го натера норвежанецот да загризе и влезе во завршницата во Лензереајден во својот препознатлив стил.
Последниот збор за сезонава ќе се каже од среда кога и скијачите и скијачките се пуштаат во најлудата дициплина, спустот. Следниот ден скијаат супер џи, викендот се заоружува со техничките дисциплини, велеслалом и слалом.
