МВР: 72 лица не го почитувале полицискиот час, 59 приведени

06.04.2020 10:25

На 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, 72 лица не го почитувале полицискиот час, при што биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација.