Вака испадна најдобро!
Савехоф-Митјиланд 29:29. Подобро не можеше да се одигра во Шведска на дуелот од предпоследното коло од ¼ финалниот групен сегмент во Лигата на Шампионките.
Подобро, гледајќи во полза на нашите Вардарки.
Ако голем дел од ракометната јавност ги калкулираше данските ракометарки како победнички на гости кај Савехоф, овие уште еднаш покажуваат и покрај тоа што ја имаат улогата на отпишаните, дека не се предаваат. Не само што не се даваат, ами и комплицираат работа, или вршат работа, зависи за кого како.
Е сега, предвреме да не бидеме сигурни, го имаме тоа право, но едно треба да се има во предвид, скопската последна пресметка на 16-ти со Сафехов мора да е 100% црвено-црна. Во тој случај, Мак шампионките ќе имаат 8 бода.
И пресметката, онаа во Германија многу ќе значи како од бодовен аспект, така и конечен табеларен. Ако слави Турингер, тие ќе бидат на крајот први, ако победи Митјиланд, Вардар СЦБТ ќе останат лидерки во групата 1. Реми пак во Германија исто така ги катапултира девојките на Кастратовиќ на врвот. Не дај боже, пораз во Скопје на Вардар СЦБТ, а победа на данките во Германија ги исфла од фајнел-фор нашите ракометарки.
Математички пресметки кои дефинитивно одат повеќе на рака на вардарки но, потребно е нивно максимално агресивно дрско, позитивно издание в недела во арената Борис Трајковски за сигурна шампионска 4-ка.
Она што е јасно, е дека во групата 2 сигурни за елитната завршница се бранителот Гер и Будуќност. Тоа се еден од двата тима со кои доколку оди Вардар СЦБТ таму ќе бидат потенцијални противници.
ТАБЕЛА
- ТУРИНГЕР 7
- ВАРДАР СЦБТ 6
- МИТЈИЛАНД 5
- САВЕХОФ 2
