Нови 15 случаи на Ковид-19, тројца починати, досега заразени 570
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.
Oд оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 239, Куманово – 121, Дебар – 49, Штип – 20, Прилеп – 33, Тетово – 29, Струга – 25, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 3, Радовиш -4, Крушево – 2, Кочани – 14.
