Атлетика

Крај со светски рекорд

09.03.2014 20:40

За спектакуларна завршница на светското првенство во сала во Сопот се погрижи штафетата на САД 4х400 метри, која ја истрча најбрзата трка во историјата во затворено.

Американските атлетичари стигнаа до златниот медал со светски рекорд  од 3:02.13 и тоа во последната трка како украс на Мундијалот. Шели Ен Фрејер и во Сопот потврди дека во моментов е најбрзата жена на светот. На тридневниот атлетски самит во овој полски град атлетичарите на САД остварија голема медал-супериорност.

Победници од третиот натпреварувачки ден:

Скок со стап(Ж)

1.Јарислеј Силва (Куба) 4.70

Скок во далечина (Ж)

1.Елоиз Лосир (Фр) 6.85

3000м.(М)

1.Каилеб Н,Дику (Кен) 7:54.94

Скок во височина (М)

1.Мутаз Еса Баршим (Катар) 2.38

800м. (Ж)

1.Шанел Прајс (САД) 2:00.9

3000м (Ж)

1.Гензебе Дибаба(Ет) 8:55.04

Трискок(М)

1.Лукман Адамс(Рус) 17.37

800м(М)

1.Мохамед Аман (Ет) 1:46.40

4х400м(Ж)

1.САД  3:24.83

60м.(Ж)

1.Шели Ен Фрејзер(Јам)  6.98

60м/п (М)

1.Омо Осегеј (САД) 7.45

4х400м(М)

1.САД  3:02.13

Медали:

САД    12=  8-2-2

Русија    5= 3-2-0

Етиопија 5= 2-2-1