Состојба со Ковид-19 во Холандија

07.04.2020 16:20

Македонската радио-телевизија разговараше со новинарка од Холандија која го пренесува искуството со справување со пандемијата во оваа земја...

Холандија спроведува групен имунитет за справување со Ковид-19. Владата oд средината на март се реши на оваа мерка зашто во земја со 70 милиони луѓе, здравствениот систем нема доволно кревети за хоспитализација на заболените. Македонската радио-телевизија разговараше со новинарка од Холандија која го пренесува искуството со справување со пандемијата во оваа земја.

„На средината на март, Владата на Холандија се реши да воведе стратегија на делумна блокада што значи дека училиштата, компаниите и продавниците кои не се неопходни се затворени. Но луѓето можат да возат велосипед или да прошетаат во паркови ако таму нема многу луѓе. Целта е да се постигне групен имунитет. Медицинските лица веруваат дека ова ќе ја заштити најранливата група луѓе кои остануваат дома. Ова е експеримент зашто не е познато колку ќе траат антителата од имунитетот. Проценките се дека еден заболен може да зарази двајца, што е голем број на заболени. Но во моментов процентот е 0,3 или од 1.000 луѓе, заразени се 300. Заболените треба да останат во болница најмалку две недели, а болниците немаат простор, па некои пацинети ги презема Германија“, изјави за МРТ Моне Слингерланд, новинарка од Холандија.

Животот наизглед во Холандија се одвива по старо. Луѓето не носат маски за заштита и можат да излезат надвор на места каде што нема многу луѓе. Единствено што покажува дека има вонредна состојба е што училиштата, компаниите и продавниците што не продаваат неопходни производи се затворени. Сепак состојбата го тенчи трпението на луѓето.

„Останува да се види колку долго луѓето ќе ги слушаат советите да останат дома. Холандската влада повторно ќе ја процени ситуацијата на 28-ми април за да види дали повторно ќе ги продолжи мерките. Во моментов, ситуацијата е малку пооптимистична дека ќе биде подобро.“

Производството во Холандија драстично се намали. Најголема штета трпи производството на цвеќе кое поради неможноста да се извезе се фрла како отпад. Холандија го откажа одржувањето на Евровизија, а штети трпи и туризмот.

Ирина Гелевска