МВР: 35 лица не го почитувале полицискиот час, 19 приведени
08.04.2020 10:35
Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.
При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.
