Фудбал

Големото дерби мирољубиво

09.03.2014 23:37

Во рамките на 21-то коло во Првата фудбалска лига без победник но и без голови заврши и натпреварот меѓу екипите на Турново и Металург...

По 13 години екипите на Вардар и Пелистер одиграа без победник 1-1 на арената Филип Втори во Скопје. Во рамките на 21-то коло во Првата фудбалска лига без победник но и без голови заврши и натпреварот меѓу екипите на Турново и Металург, а по еден гол на двете страни имаше во Штип на средбата Брегалница-Работнички. Реновираната Шкендија на гостувањето против Еуромилк Горно Лисиче загуби со 2-1, убедливи пред своите гледачи беа фудбалерите на Македонија ЃП со победата со 3-1 над Напредок, а победа со 3-0 славеше екипата на Ренова во сеседското дерби со Гостивар.
 
Прва фудбалска лига
 
21 коло
 
Турново-Металург 0-0
Е.Г.Лисиче-Шкендија. 2-1
Брегалница-Работнички 1-1.
Македонија ЃП-Напредок 3-1
Ренова-Гостивар 3-0
Вардар-Пелистер 1-1
 
Табела
 
1. Вардар 38
2. Турново 35
3. Работнички 35
4. Пелистер 35
5. Металург 34
6. Ренова 30
7 .Е.Г Лисиче 29
8. Шкендија 26
9. Брегалница 26
10. Македонија ЃП 22
11. Напредок 13
12. Гостивар 11