Почина родилката позитивна на Ковид-19, новороденчето е во добра состојба
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31-ви март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, велат од Министерството.
Министерството за здравство попладнево соопшти дека почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово, на 27 години. Таа на 30-ти март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31-ви март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, велат од Министерството.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.
