Кошарка

МЗТ Скопје поразен во продолжението од Цибона

09.03.2014 23:55

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром испуштија капитална шанса да ја совладаат екипата на Цибона во Загреб, но загубија во дополнителните 5 минути со 93:90. Во текот на целиот натпревар беше неизвесно, а ниту една од екипите не успеа да оствари двоцифрена разлика. Првото полувреме македонскиот шампион постојано водеше, најмногу со седум поени, но на паузата Цибона имаше 41:39. Во второто хрватскиот првак имаше предност, но МЗТ успешно парираше.
 
“Штрковите“ имаа одлични предизпозиции за победа кога на 2,16 минути пред крајот поведоа со 78:76, а главниот домашен играч Шариќ ја направи петтата лична грешка. Но, до крајот не искористија неколку напади, вклучувајќи го и оној во последните 30 секунди со што го вратија ривалот во игра, а резултатот беше 81:81. Продолжението го почнаа со тројка на Цветковиќ, но со неколку избрзани обиди и со многу празнини во одбраната му дозволија на домаќинот да се избори за пресврт, и за трет пораз сезонава на гостувањата во продолжението.
 
Во редовите на победникот Сиришчевиќ постигна 21 поен, Шариќ имаше 18, а кај МЗТ Синовец постигна 18 поени, Цветковиќ 17 и 10 скокови, а Гечевски 14 поени и 5 освоени топки под обрачите. Цибона се израмни со Партизан на третата позиција, и ја продолжува битката за “Фајнал фор“ турнирот со 15 победи и 8 порази, а МЗТ Скопје го претрпе 12 –от пораз, по кој останува на седмото место. 
 
Претходно екипата на Унион Олимпија го совлада Партизан со 66:59 и ја постигна деветтата сезонска победа, а колото ќе се комплетира утревечер со натпреварот меѓу Будуќност и Игокеа, со пренос на Собранискиот сервис од 20.45 часот.