Одбележување на Глобалната недела на пари
10.03.2014 08:44
Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март и во неа учество ќе земат околу два милона деца од над 100 земји во светот...

Со симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на најдобриот ученик во Средното економско-правно училиште „Васил Антевски - Дрен“ од Скопје денеска ќе започне одбележувањето на Глобалната недела на пари во Македонија.
На учениците ќе им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, а оној кој по еден месец тргување ќе постигне најдобар резултат ќе добие наградна бесплатна обука во Македонската берза за принципите на пазарите на капитал.
На настанот најавено е учеството на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.
Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март и во неа учество ќе земат околу два милона деца од над 100 земји во светот. Тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации.
