Сеуште нема трага од исчезнатиот малезиски авион
10.03.2014 09:10
Медиумите со различни информации што се случило за време на летот...

Се уште трае потрагата по малезискиот Боинг кој мистериозно исчезна пред речиси три дена на релација од Куала Лумпур кон Пекинг, додека на него имало 239 луѓе. Медиумите со различни информации што се случило за време на летот.
Шефот на малезиското цивилно воздухопловство, Азарудин Абдул Раман, вели дека случајот со исчезнатиот авион МХ370, е вистинска мистерија без преседан, јавува Би-Би-Си. Раман додава дека властите во Малезија не ја исклучуваат можност за киднапирање на авионот со оглед на тоа дека тој едноставно исчезнал од радарот.
Официјални виетнамски претставници соопштија дека не се во состојба да утврдат дали била лоцирана вратата на авионот на Малезија Ервејс. Екипаж на еден авион на виетнамската морнарица претходно извести дека забележал врата на исчезнатиот авион во Јужното Кинеско море.
Досегашната потрага не најде ниту една трага од авионот од типот Боинг 777. Експертите сметаат дека можеби дошло до ненадејна експлозија во авионот, бидејќи претходно екипажот не испратил никаква порака за некакво нарушување на летот.
