Четири пациенти починаа на Инфективната клиника, 26 нови случаи на Ковид-19
Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови, велат од Министерството за здравство.

Четири пациенти починаа на Инфективната клиника како последица на вирусот Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).
Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови, велат од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во Скопје – 316, Куманово – 211, Дебар – 49, Штип-27, Прилеп –75, Тетово – 37, Струга – 43, Велес – 32, Битола –9, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –8, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 22, Пробиштип – 2.
Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет -13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.
