Внатрешната контрола во МВР со полни раце работа
МВР Не им простува за грешките на полициските службеници. Внатрешната контрола има работа со полицајците кои се однесувале несовесно и непрофесионално. Во изминативе 9 месеци извршени се проверки во 1181 случај. Повеќе од две третини од нив се претставки од граѓаните. 9-мина службеници добија кривични пријави. Министерката потврди дека борбата против криминалот и корупцијата во сопствените редови е приоритет.

Корупцијата, треба да се сведе на најмала можна мерка за што се потребни алатки кои ќе овозможат детектирање и санкционирање на секој конкретен случај во пракса, па во таа насока секое споделено искуство овозможува и надополнување и надоградување на веќе постоечките практики, рече министерката за внатрешни работи, изјави Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи.
Системот на контрола мора да функционира со спроведување на професионалните стандарди, оцени Јанкулоска пред учесниците на регионалната конференција. 11 министерства, ОБСЕ и Женевскиот центар за контрола на оружените сили споделија исуства за внатрешната контрола.
Наташа Гркова Петрушевска