Ракомет

Толку од СЕХА авантурата за скопските сини

10.03.2014 09:27

Засилениот Мешков, ослабениот Металурт беше еднакво на скопска победа на Белорусите, 26:25 и пласман за нив во регионалната ракометна фаинл-фор завршница...

Ракометарите на Металург, СЕХА лигашки разочараа. Засилениот Мешков, ослабениот Металурт беше еднакво на скопска победа на Белорусите, 26:25 и пласман за нив во регионалната ракометна фаинл-фор завршница.

Конечно се ослободи од СЕХА теретот мак вице првакот и сега, може без притисок да се посвети на осминафиналниот двомеч со Колдинг на 23-ти месецот.

Останува уште едно гостување за металурзите во ова натпреварување, во Словачка кај лидерот Татран, но сигурно ресурсите, силите и концентрацијата ќе бидат сведени на чиста формалност.

Вардар останува сеуште активен на регионалната сцена. Игра утре во Бања Лука кај Борац. Победа ќе значи и официјална верификација на патот за Нови Сад, но останува само да се види од која појдовна точка, третата или четвртата. По Борац, ќе остане уште домашната задача со вториот во пордокот Загреб.

Директниот конкурент за третата стартна позиција на Вардарци, Мешков исто игра утре, оди во Осиек кај незгодниот Нексе, а ќе заокружи дома против последниот Партизан.

Потсетуваме, фајнл-фор расплетот значи, меч првиот со четвртиот, вториот со третиот, подобрите играат за СЕХА пехарот.