Турција ќе ослободува затвореници
14.04.2020 12:12
Ваквата одлука доаѓа откако Парламентот на Турција го изгласа законот. За законот гласале 279 пратеници, а 51 биле против од пратениците.

Поради превентивни мерки и спречување на корона вирусот од турските затвори ќе излезат десетици илјади затвореници. Ваквата одлука доаѓа откако Парламентот на Турција го изгласа законот. За законот гласале 279 пратеници, а 51 биле против од пратениците.
Невладините организации го критикуваа текстот што не предвидува ослободување на затворениците осудени за „тероризам“, меѓу кои се и бројни новинари и претставници на политичката опозиција.
