Словенија ја укина одредбата за носење заштитни ракавици
Сепак останува и понатаму да важи одлуката за задолжително носење заштитна маска или шал околу пределот на устата и носот, со цел, како што велат од Министерството за здравство, да се намалат шансите за пренесување на коронавирусот.

Словенечката Влада донесе одлука да ја укине обврската со која граѓаните мораа задолжително да носат заштитни ракавици кога влегуваа во продавниците и маркетите.
Сепак останува и понатаму да важи одлуката за задолжително носење заштитна маска или шал околу пределот на устата и носот, со цел, како што велат од Министерството за здравство, да се намалат шансите за пренесување на коронавирусот.
Со новата одлука маркетите за храна, аптеките и поштите ќе мораат да обезбедат средство за дезинфекција на рацете кое ќе го употребуваат граѓаните пред влегувањето во овие објекти.
