МВР: 56 лица не го почитувале полицискиот час, 36 приведени

16.04.2020 09:38

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (15/16.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава  56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.