Општина Струга продолжува да ги распродава заштитените споменици на културата

10.03.2014 10:54

Од вкупно 49 објекти под заштита во Струга останаа само 10. Општината продолжува да ги распродава спомениците на културата во Струга кои се под заштита. Пред извесен период се продал и просторот околу музејот кој е најстариот и прво изграден музеј во Македонија. Земјиштето е државно и ова е незамисливо додаваат од музејот во Струга...

Општина Струга продолжува со распродажбата во старото градско јадро на спомениците на културата. Музејот во Струга веќе неколку години во континуитет со дописи се обраќа до локалната самоуправа со единствена цел да се најде начин и договор за да се пристапи афирмативно кон зачувувањето на она старо градско јадро кое е под статус заштитени споменици на културата.

Уште во 1954 година кога е направен првиот план за заштитеното јадро на град Струга се ставени дури 49 куќи како заштитени споменици на културата со посебен третман дури и во случај на оттуѓување да треба да се заштити оној автентичен изглед кој го имале претходно. Голем дел од струшките фамилии своевремено ги оставиле на самата општина, да сега се врши масовно продавање на тие објекти без притоа да се известат надлежните институции. Денес овие објекти со автентична струшка архитектура се продаваат и на нивно место се градат нови објекти кои апсолутно не одговараат на ова поднебје. Денес од тие 49 се останати едвај 10 тина објекти, вели директорот на музејот Сашо Цветковски.

Пред неколку месеци од страна на Општината било продадено и земјиштето околу самиот музеј кое е државно и во крајност не замисливо.

Изложбениот простор каде што денес се наоѓаат животните во струшкиот музеј, дознавме пред неколку месеци дека околниот простор е продаден за кои ние не сме известени. Сепак тоа земјиште е на Република Македонија. Најстара музејска градба и прв музеј во Македонија е струшкиот музеј кој е изграден 1928 година. Целиот простор околу зградата е под заштитна зона. Ние сега дознаваме дека се она што планира да се гради ќе биде лепенка до музејот што тоа е просто не допустливо, додава директорот на музејот Сашо Цветковски.

Распродажбата на општински објекти кои се заштитени како споменици на културата започна пред 8 години и со истиот интензите продолжува и денес.

 

Јованчо Наумоски