Лустрациска ќе ги проверува и кандидатите за претседател
10.03.2014 10:59
Законска обврска на лустраторите е да ги проверат и сите кандидати за пратеници ...

Комисијата за верификација на фактите наскоро ќе ги проверува документите за четворицата кандидати за претседател на Република Македонија, за да се утврди дали евентуално некогаш биле соработници на тајните служби.
Комисијата за лустрација ќе ги проверува Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски, предложен од СДСМ, Илијаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ.
Законска обврска на лустраторите е да ги проверат и сите кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори откако партиите ќе ги достават кандидатските листи до Државната изборна комисија.
