За завршните почести во Ленцерхајде
„Белиот циркус“ се сели во Швајцарија. Следи четиридневниот завршен фестивал од Светскиот куп во алпско скијање.На патеките во Ленцерхајде светот ќе ги добие лауреатите за сезоната 2013/14 година. Трката за пиедесталот во генерален пласман никогаш досега не била толку изедначена и неизвесна. И кај скијачите и кај скијачките.

Австриецот Марсел Хиршер ја пропушти шансата во изминатиот викенд во Крањска Гора да го добие бодовниот дуел со Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал! Бидејќи се возеа „неговите“ дисциплини слалом и велеслалом. Така, предстои натпреварувачка драма во четири чина, а разликата во бодови е минорна! Хиршер има 1050, Свиндал 1046! Свиндал е посилен во „брзите“ трки, Хиршер е моќен во „техничките“. Во одделните дисциплини, Свиндал го обезбеди „малиот глобус“ во спуст,на добар пат е и во супервелеслалом. Хиршер е засега водечки во велеслалом, во слаломот лидерското место засега му го препушти на Нојројтер...
Слична е сликата и во женскиот дел од Светскиот куп. Шансите на Словенката Тина Мазе да го задржи ланскиот примат се во сферата на научна фантастика, па Германката Марија Хефл-Риш и Австријката Ана Фенингер се на чекор од почестите. Во завршниот лавиринт меѓу вратите Хефл-Риш влегува со предност од само 29 бодови.
Само американската тинејџерка Микаела Шифрин низ вратите на Ленцерхајде минува како „слаломска кралица“, со недостижна бодовна разлика. Во сите други дисциплини страниците за испишување на победничките редови се отворени.
Од 12-16 март во Швајцарските Алпи претстои интересна завршница на сезоната! Само уште времето да се вклопи во скијачката претстава со голем заплет!
Светски куп-мажи
Генерален пласман:
1.Марсел Хиршер(А) 1050
2.Аксел Лунд Свиндал(Нор) 1046
3.Алексис Пантуро(Фр) 814
Спуст-мажи:
1.Аксел Лунд Свиндал (Нор) 525
2.Ханес Рајхелт (А) 360
3.Ерик Геј(Кан) 357
Супер Џи-мажи
1.Аксел Лунд Свиндал (Нор) 346
2.Патрик Кинг (Швај) 239
3.Кјетил Јансруд (Нор) 227
Велеслалом-мажи
1.Марсел Хиршер (А) 510
2.Тед Лигети (САД) 460
3.Алексис Пантуро (Фр) 378
Слалом-мажи
1.Феликс Нојројтер (Гер) 470
2.Марсел Хиршер (А) 465
3.Хенрик Кристофересен (Нор) 430
Генерален пласман-жени
1.Марија Хефл-Риш(Гер) 1180
2.Ана Фенингер (А) 1151
3.Тина Вајратер (Лих) 943
Спуст-жени
1.Марија Хефл-Риш(Гер) 504
2.Ана Фенингер(А) 424
3.Тина Вајратер(Лих) 400
Супер-Џи-жени
1.Лара Гут (Швај) 348
2.Тина Вајратер (Лих) 310
3.Ана Генингер (А) 277
Велеслалом-жени
1.Џесика Линдел-Викерби(Ш) 432
2.Ана Фенингер(А) 418
3.Марија Питиле-Холмнер (Ш) 299
Слалом-жени
1.Микаела Шифрин(САД) 538
2.Фрида Хансдотир(Ш) 408
3.Марлиз Шилд(А) 325
