Формула 1
Сите на стартот, кој на целта?
10.03.2014 11:27
6 дена до стартот на новата сезона во Ф1 шампионатот. Новите правила, враќањето на турбо агрегатите, новите енергетски единици, сето тоа внесе многу неизвесност пред стартот на првенството.

6 дена до стартот на новата сезона во Ф1 шампионатот. Новите правила, враќањето на турбо агрегатите, новите енергетски единици, сето тоа внесе многу неизвесност пред стартот на првенството.
Комплексните контролни единици кои сега треба да ги поврзат работата на моторот, турбо и енергетскиот систем(ЕРС) не се доволно испитани и тестирани, па според Роберто Дала- шефот на снабдувачот со електронски единици на тимовите Магнети Марели постои шанса ниту еден болид да не го види карираното знаме во Мелбурн парк.
Според него сите тимови имале проблеми во текот на тестирањата и 12 дена се премалку за комплетно приспособување на новите системи. „ За да се дојде до вистинските решенија потребни се најмалку уште 2-3 месеци “- изјавил Дала.
