Во продолжение без Бердих и Цонга
На првата тениска Мастерс 1000-ка за годинава на првата пречка се сопнаа, 4-тиот носителски рекет Бердих и 9-тиот Цонга. Првиот во Индиан Велс не успеа да се справи со шпанецот Баутиста (6:4, 6:4), вториот со французинот Бенети (4:6, 6:2, 6:4).

Се друго останато што значи носител, полесно или потешко го мина стартниот праг.
Бранителот на тронот и светски тенисер број еден Рафаел Надал малку се помачи (2:6, 6:4, 7:5) во своето воведно претставување. Проблеми му зададе Сепиа, за свое второ, а турнирско трето коло против Долгополов. Ханеску му се спротистави на вториот и планетарен и турнирски рекет Ѓоковиќ во првиот сет, за вториот србинот го сведе на рутина до триумф (7:6, 6:2). Не беше многу убедлив ни третиот во Индијан Велс, Вавринка против Карловиќ (6:4, 6:4), а уште помалку пак Мареј со чехот Росол со кого мораше да игра три сета (4:6, 6:3, 6:2) за меч со друг чех, Весели. Квалификантот Пол Анри Матје импресиониран од противникот, 4-кратниот освојувач на турнирот Федерер(7), иако изгуби (6:2, 7:6) го натера швајцарецот да игра до победа. Наидува сега на тешка задача Роже во името на незгодниот Турсунов. Габашвили му ја олесни работата на осмиот на списокот во Индиан Велс, Гаске кој во вториот сет се откажа (6:0, 2:0предаден). Раониќ 10-то рангираниот се изнаигра со Васелин (7:6, 4:6, 7:6) до обезбедување на трето коло.
Првото тениско задоволство кое го носат Мастерсите од серијата 1000 повторно го нуди МТВ со преноси. За вечерва понудата е од дуелите Енди Мареј(5)-Јири Весели и Роже Федерер(7)-Дмитри Турсунов(27).