Герхард Шредер призна: Во Србија го прекршивме правото!

10.03.2014 13:01

Тој во Хамбруг изјавил дека сето она што се случува на Крим е кршење на меѓународното право, но не сакал да го критикува рускиот претседател Владимир Путин. Шредер, меѓутоа, кажал и дека тој како германски канцелар во југословенскиот конфликт го прекршил меѓународното право...

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер смета дека состојбата на Крим е кршење на меѓународното право, но признал и дека нападот на НАТО врз Србија во 1999 било, исто така, кршење на меѓународното право, пренесе „Војс оф Раша“.

Тој во Хамбруг изјавил дека сето она што се случува на Крим е кршење на меѓународното право, но не сакал да го критикува рускиот претседател Владимир Путин. Шредер, меѓутоа, кажал и дека тој како германски канцелар во југословенскиот конфликт го прекршил меѓународното право.

Заедно со силите на НАТО бомбардиравме суверена држава, а притоа немавме ни одлука на Советот за безбедност на ОН, изјавил Шредер и истакнал дека поради тоа е многу внимателен со „покажувањето со прст“ и дека во двата случаја станува збор за формално нарушување на Повелбата на Обединетите нации

За украинската криза Шредер повторно ја критикувал ЕУ тврдејќи дека лидерите на Европската комисија не успеале да сфатат дека Украина е културолошки длабоко поделена земја.

Се прашувам дали беше исправно една културолошки длабоко поделена земја како Украина, да се принуди да избира – договор за асоцијација со ЕУ или царинска унија со Русија, изјавил Шредер.