Седум концерти во МКЦ за Меѓународниот ден на џезот, ќе можат да се проследат онлајн
Во кругот на МКЦ ќе настапуваат врвни македонски музичари и групи...
Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката. Во кругот на МКЦ ќе настапуваат врвни македонски музичари и групи, и тоа:
За во 14 часот е закажан концертот на АНТОНИЕ.
Во 15 часот ќе почне настапот на ZULU 3.4.
Во 16 часот за скопјани ќе настапуваат PARUSSION GROUP.
Во 17 часот ќе почне концертот на СВЕТЛОСТ.
За во 18 часот е закажан настапот на 3JECT.
Терминот од 19 часот е резервиран за концертот на КАБАДАЈАС.
Во 20 часот, пак, ќе настапат ЗЏМ КОЛЕКТИВ - гости Џијан Емин и Георги Шарески.
Нивните настапи ќе бидат стримувани на:
- фејсбук страницата на Град Скопје
https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на
- Youtube каналот на Град Скопје
https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04.2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.
